Утрински Весник
Македонија

На кoj начин Бојан Христовски станал асистент на Факултетот за безбедност, праша Филипче

Venko Filipce 696x463 1.jpg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче даде свој коментар на вчерашните случувањa на Комисијата за надзор на работата на АНБ, истакнувајќи дека и ВМРО-ДПМНЕ самите се свесни дека незаконски поставиле директор на АНБ.

„Вчерашната седница на Комисијата има две битни димензии, првата работа е дека очигледно ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека незаконски поставиле директор на АНБ и затоа така и се однесуваа вчера, односно ако немаа што да скријат Комисијата можеше редовно да си заседава и директорот да одговори на сите прашања. Политизација на безбедносните структури е нешто што го имаше и во претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ“ рече тој.

Филипче упати и прашање до јавноста, односно до Бојан Христовски за неговата академска кариера.

„Очекуваме ОЈО да го расчисти овој случај и истовремено поставуваме прашање: Во која постапка и на кој начин со кои документи Бојан Христовски е избран за асистент на Факултетот за безбедност?“ праша Филипче.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер