Утрински Весник
Свет

Бајден се сопнал неколкупати додека се шетал со првата дама Џил на плажата во Делавер

677z381 Screenshot 5 6731e6cf3fe7c.jpg

Џозеф Бајден, претседателот на Соединетите Американски Држави, се сопнал неколкупати додека се шетал со првата дама Џил Бајден на песочната плажа во американската држава Делавер, објавија американските медиуми.

Бајден (81) се сопнал неколкупати, па дури била потребна и помош од првата дама додека шетал на песочната плажа во близина на неговиот дом во Делавер во неделата, според американската телевизиска мрежа CSPAN, објави „Њујорк тајмс“.

Според написите, американскиот претседател во заминување изгубил рамнотежа неколкупати додека се движел по нестабилниот песок на плажата во неделата попладне.

Бајден потоа го забрзал своето темпо додека новинарите го прашувале што ќе разговара со новоизбраниот претседател Доналд Трамп на состанокот во Белата куќа во средата, а тој не одговорал на ниедно од прашањата на медиумите.

„Бајден моментно се бори со песокот во неговата куќа на плажата во Делавер. Песокот победува“, се вели во објавата на Х на Републиканскиот национален комитет.

Бајден се откажа од својата кандидатура за реизбор во јули по серијата критики за неговите ментални и физички способности и ја поддржа американската потпретседател Камала Харис да биде демократски претседателски кандидат.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд