Утрински Весник
Македонија

НАЈНОВА МЕТЕО ВЕСТ: Снегот ќе продолжи да паѓа во Македонија, се очекува нова снежна покривка!

Xx Model En 359 0 Modez 2024111100 29 954 108 Crop.png

Снегот кој од утринава паѓа во делови од централните, источните и од североисточните предели од Македонија, ќе продолжи до крајот на денов, а ќе го има и во текот на ноќта кон утрешниот ден (вторник).

Врнежите ќе бидат претежно со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет. Снег ќе врне понекаде  и во градовиоте во овие делови од Македонија.

Се очекува формирање на нова снежна покривка со висина од 1 до 5 cм, локално и до 10 cм снег. На повисоките места снежната покривка би можела да биде и поголема.

И во деновите кои се пред нас ќе имаме уште постудено време, исто така ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места  и на планините ќе врне снег. Повторно можна е појава на повремен снег понекаде  и на местата со помала надморска височина (во населените места).

НАПОМЕНА: Доколку патувате во овие предели од државава, препорачуваме крајно внимателно да управувате со своите возила, и тоа поради очекуваните нови врнежи од снег.

Можете да прочитате

Претежно облачно со повремен дожд во јужните делови од земјата

Мицкоски објави системски мерки за намалување на загаденоста на воздухот

Водата во Берово не е за пиење – полна е со манган