Утрински Весник
Македонија

Давкова на КОП29: Од суштинско значење е обезбедувањето финансии за имплементација на климатските цели

Foto 2 2 Scaled.jpg

Претседателката Сиљановска Давкова денеска во Баку, Република Азербејџан присуствуваше на официјалното отворање на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени.

На официјалното отворање на самитот, што се одржува под мотото „Со солидарност за зелен свет”, се обратија Мухтар Бабаев, министерот за екологија и природни ресурси на Азербејџан, како претседател на КОП29, Сајмон Стил, извршниот секретар на Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени, како и претседателoт на КОП28, министерот за индустрии и високи технологии на ОАЕ, Султан Ахмед Ал Џабер.

Во фокусот на разговорите меѓу претставниците на земјите учеснички на Конференцијата ќе биде обезбедувањето финансии неопходни да им се помогне на земјите во развој со цел да се прилагодат на климатските промени и да ги спроведат мерките потребни за постигнување на климатските цели.

Утре, претседателката Сиљановска Давкова ќе има обраќање на првата пленарна сесија на сегментот на високо ниво за шефови на држави и влади. 

Можете да прочитате

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

„Безбеден град“ детектирал 120.000 прекршоци за пет месеци

СДММ: Нема да молчиме, младите победуваат!