Утрински Весник
Македонија

Левица: Кронизмот е основен критериум при поделбата на ваучерите за клима уреди

Vaucheri Za Klima Uredi.png

Соопштение на Левица:

Додека граѓаните во редици чекаат да аплицираат за ваучери за клима уреди, огромен број на поранешни или актуелни партиски функционери од владејачките партии, носители на јавни функции се најдоа на списоците на Министерството за енергетика рударство и минерални суровини.

За огромниот број на партиски активисти кои се „почестени” со вакви ваучери алармираа голем број на граѓани, кои се сомневаат во транспарентноста при изборот на добитниците. Нивните реакции, а и самите списоци, укажуваат на бројни политички фаворизирања и злоупотреби при респределбата на јавните средства.

Сметаме дека е потребно да се изврши надворешна ревизија на целиот процес, којшто граѓаните оценуваат дека не е реализиран во фер услови. Во отсуство на транспарентност, го повикуваме Министерството за енергетика да ја обелодени листата на сите членови на комисијата која одобрувала ваучери, како и деталите за нејзиното формирање и критериумите според кои се воделе во изборот на корисниците.

Воедно, го повикуваме Јавното обвинителство да го истражи овој случај, и со тоа да утврди евентуелна и спречи идни злоупотреби на вакви процеси. Без транспарентни постапки е невозможно граѓаните да имаат доверба во институциите.

Можете да прочитате

Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

Кражба на електрична енергија во вредност од над 22.000 евра откриена на Попова Шапка

ЦУ: Етапно царинење на употребувани автомобили и користење на други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем кој е хакиран