Утрински Весник
Свет

Се запали моторот на авион кој полета од Рим – патниците во паника

Screenshot 2024 11 10 155028.jpg

Десниот мотор на Боинг 787-9 Дримлајнер со кој управува кинеската авиокомпанија „Хаинан ерлајнс“ се запали утринава веднаш по полетувањето од аеродромот Фиумичино во Рим, соопшти претставник на аеродромот.

Авионот кој летал за кинескиот град Шенжен се вратил и безбедно слетал откако излеал гориво над морето , објави Ројтерс.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот , рече официјалниот претставник, додавајќи дека нема доцнења на аеродромот Фиумичино.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот е во воздух и пожарот се шири во близина на десното крило.

Авионот направи 11 обиколки и остана во воздух 50 минути пред пилотот да одлучи да слета.

Ова е втор инцидент со авион Боинг само овој викенд. Боингот 737-400F на бразилската компанија Тотал Карго, со регистрација PS-TLB, на летот 0T5682 принудно слета на аеродромот Гуарулос во Сао Паоло (ГРУ) откако избувна пожар на авионот.

Екипажот се евакуираше со помош на јаже за итна евакуација од пилотската кабина на Боинг, а трупот на авионот претрпе голема штета, според објавите видливи на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме