Утрински Весник
Македонија

Втор случај на политичка дискриминација врз професор во Битола од истиот просветен инспектор кој ја казни ексградоначалничката Петровска

Petrovska I Rome Kako Gradonachalnichka I Direktor Pri Pres Za Najava Na Instrastrukturni Zafati Vo Uchilishteto.jpg

Kомисијата за спречување и заштита при дискриминација утврди случај на политичка дискриминација во областа на работата, работните односи и образованието врз поранешниот директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, Владимир Роме, сегашен професор во школото, од страна на инспектор од Државниот просветен инспекторат, пишува СДК.МК.

Ова е втор случај во кој Комисијата утврдува политичка дискриминација врз професор од ова училиште од истиот просветен инспектор. Во септември годинава, Комисијата утврдила дека по истиот основ била дискриминирана и професорката по математика Наташа Петровска, поранешна градоначалничка на Битола.

Истиот просветен инспектор, при исти околности и целосно реализирани часови за учебната 2022/23 година, ги казнил прекршочно само професорите Роме и Петровска. Прекршочниот платен налог им бил изречен во септември 2023, односно по истекот на првата учебна година откако настанала промена на директорсиот кадар во школото. Петровска беше градоначалничка на Општина Битола од редовите на СДСМ до октомври 2021, а во нејзиниот мандат го имаше назначено Роме за директор. Потоа локалната власт премина во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, а Петровска и Роме се вратија на професорските места.

Во претставката поднесена од Роме, по која одлучуваше Комисијата, пишува дека инспекторот неосновано им поднел прекршочен платен налог со глоба од 200 евра поради нереализирана наставна програма од само еден единствен час во целата учебна година. Иако во училиштето имало и други наставници со поголем број неодржани часови, тие не биле казнети.

Роме во претставката пријавил дека инспекторот постапил спротивно на член 109 и 109- а од Законот за средно образование, во кој стои дека за нереализирана наставна програма, покрај наставниците, казна мора да се изрече и за училиштето и директорот, што не било сторено. Двајцата професори одбиле да ги примат и потпишат платените налози, па инспекторот ги тужел во Основниот суд, кој годинава ги ослободи од вина, а пресудата ја потврди и Апелација, посочувајќи дека комплетно ја реализирале наставата.

Инспекторот во одговорот до Комисијата напишал дека сите наводи се невистинити. Сепак, Комисијата утврдила дека е извршена директна дискримнација врз основа на политичка припадност.

Повеќе на следниот линк

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство