Утрински Весник
Македонија

ОД УТРЕ (НЕДЕЛА) ДОАЃА УШТЕ ПОСТУДЕН БРАН: Температурите паѓаат за 8 степени, следната седмица локален дожд, и снег на планините!

Meteoalarm.mk 20 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на уште постуден воздушен бран од север и од североисток, од утре (недела), па и во почетокот на следната седмица температурите ќе опаднат за 4 до 8 степени во однос  на сегашните, а облачноста ќе се зголемува  и ќе има појава на повремен локален дожд, додека на планините повремено ќе врне снег, со што е можна појава  и на првата снежна покривка за оваа сезона таму, иако истата ќе биде тенка.

Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

И во Скопскиот регион следува значително постудено време во следниот период, а облачноста ќе се зголеми, и ќе има услови за повремен локален дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Наутро, особено утре (недела), како и во понеделник температурите повторно ќе бидат особено ниски и на повеќе места низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, додека особено во Беровскиот регион температурата се очекува да се спушти до околу -7, -8 степени.

Што се однесува до максимални дневни температури, утре (недела), како и во почетокот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -2  и 1 степен, додека максималната дневна ќе се искачува до околу 14 степени.

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!