Утрински Весник
Македонија

Пуштен е во употреба хидросистемот „Ѓавото“ кој го полни Дојранско езеро

1 2 1.jpeg

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република  Северна Македонија Миле Цеков денес, го пуштија во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро” со кој од бунарите на Ѓавото се врши дотур на вода во Дојранското Езеро.

Имено, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, неодамна Владата ја усвои информацијата за ставање во функција на овој хидросистем и после речиси три години застој во работата, водите на Дојранскот Езеро повторно ќе се надополнуваат од бунарите од Ѓавато.

„Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се залагаат да се изнајде решение за финансиските средства, за во блиска идина да се реконструира целосно овој хидросистем” изјави Меџити нагласувајќи дека за повторно функционирање на хидросистемот е потребна реконструкција на самиот цевковод и набавка на неколку нови потопни пумпи“ кажа Меџити.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме