“33 години пријателство, труд и прогресивни идеи, заеднички успеси за европска иднина на младите дома!
Унапредувањето на правата и животот на сите млади луѓе во нашата држава е темел на социјалдемократската визија – солидарни, хумани, борбени и храбри – тоа се нашите и вашите најсветли принципи. И, секогаш на вистинската страна во клучни и одговорни моменти за граѓаните и државата! За владеење на правото и безбедна средина, за квалитетно образование и здравство, за младински политики кои ќе бидат реалност во Македонија!
Продолжуваме заедно, чесно и одлучно кон напредок!
За многу години Социјалдемократска младино!” , напиша на социјалните мрежи пратеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски.
The post Спасовски: Среќен роденден мое СДММ! appeared first on 24info.mk.