Утрински Весник
Македонија

Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен

Zemjotres2.jpeg

Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово  е регистриран во земјава во 05:56 часот по локално време, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од градот Ресен.

Земјотресот бил на длабочина од 12 километри.

Ова е трет послаб земјотрес што е регистриран во земјава во изминатава недела. Претходните два беа со јачина од 2 и 2,3 степени според Рихтеровата скала и беа со епицентар во скопското подрачје.

Можете да прочитате

„Скејтбордингот не е за девојчиња” со светска премиера на Tribeca Festival во Њујорк

Циклон од северозапад во четврток ни носи невреме

Во Собранието 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир