Утрински Весник
Свет

Скоро 70 проценти од убиените во Појасот Газа се жени и деца

12270533.jpg

Во првите седум месеци од војната во Појасот Газа убиени се 8.119 Палестинци, а речиси 70 отсто од потврдените смртни случаи се жени и деца, соопшти Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации.

– Клучно е да се сноси одговорност во однос на обвинувањата за сериозни прекршувања на меѓународното право по пат на веродостојни и непристрасни правосудни тела и во меѓувреме да се соберат сите релевантни информации и докази и да се чуваат, изјави висок комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.

Можете да прочитате

Трамп најави милијарди долари помош за Газа на првиот состанок на Одборот за мир

Амбасадорот на Кина во Србија: Мешањето на некои земји во кинеско-српската соработка е политика на блокови

Високиот комесаријат на ОН за човекови права изрази „загриженост поради етничкото чистење во Газа и на Западниот Брег“