Утрински Весник
Скопје

Се уште се трага по жената од Јурумлери – Семејството вели излегла без да каже на никој, немале расправии

Screenshot 20241108 125234 Facebook 1.jpg

Од утрово исчезната е 43 годишна жена од Јурумлери. Случајот е пријавен во полиција, но засега нема никакви информации за тоа каде би можела да биде жената.

Денеска (08.11.2024) во Полициската станица Гази Баба, С.Т.(51) од Скопје пријавил дека околу 06.00 часот од домот во с.Јурумлери, скопско, се оддалечила неговата сопруга Л.Т.(43). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР.

24Инфо во разговор со семејството дознава дека жената немала никаква особена здравствена состојба, ниту пак имало расправии во семејството. Велат околу 5 и 10 часот утринава без да каже никому излегла од дома, при што тие тргнале во потера во околината.

Од снимките е забележано дека излегува од дома “како да бега од нешто” а од снимките на бензинската станица е забележано како стои на автобуската станица во Јурумлери.

Семејството од свои информации потврди дека не се качила во автобусот што оди кон Катланово, но не знаат за останатите автобуси што одат кон Центар. Во тоа време автобуси кои се движат од Јурумлери кон Центар се автобусите со број 52, 53 и 62, доколку некој се движел во тој период и има информации нека го исконтактира семејството или нас.

На себе имала зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми на нозете.

Можете да прочитате

Без струја утре делови од Аеродром и Гази Баба

До следната летна или есенска сезона нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз, очекува Мицкоски

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост