Утрински Весник
Македонија

Вицепремиерот Фетаи добил закани за животот на електронската пошта

Fetai.jpg

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи на службениот имејл добил порака со закана за животот.

Фетаи ја објави заканата на социјалните мрежи, која, како што вели, се случува по неговата изјава за отстранување на дефиницијата ’20 проценти’ за албанскиот јазик.

Вицепремиерот сподели и дека лично го информирал министерот за внатрешни работи Панче Тошовски за заканите и побарал постапување и зголемување на мерките за лична безбедност.

Фетаи подготвува и тужба бидејќи, како што рече, заканите и екстремистите мора да го добијат одговорот што го заслужуваат: затворска казна според постојните закони.

Можете да прочитате

Ќе има затворски казни за неточни информации што ја загрозуваат стабилноста на банките

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка