Утрински Весник
Македонија

Мемеди објави табела за претходните години: Тврди стапката на смртност на Детската клиника била три пати поголема

Redzep Memedi Dir. Na Detska Klinika.jpg

Директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди преку објава на социјалните мрежи порача дека информациите кои неофицијално се лиферуваат од Детската клиника често имаат политичка тенденција, а за информаторите не е важен животот на децата, туку директорската фотелја. Ова следува по трите смртни случаи во временски период на Клиникатта.

Мемеди објави табела со стапката на смртноста на Детската клиника во последните години, која според него била трипати поголема во споредба со годинава. Според директорот, просечно имало и по 9 смртни случаеви месечно.

-Во овие 4 месеци додека сум в.д директор на Универзитетската клиника за детски болести, додека ја скенирав состојбата, наидов на многу проблеми наталожени и нерешени со години. Некои од нив се високоризични дефекти, кои итно ги адресиравме и сега сме во фаза на нивно санирање. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите работи што ги реализираме на Клиниката за детски болести, додава Мемеди, најавувајќи повеќе официјални информации на прес-конференција која ќе се одржи наредната недела.

Детската клиника ја уверува јавноста дека нема пропуст во лекувањето на петгодишно девојче, за кое вчера беше објавено дека починало по тешко воспаление на мозокот. Оттаму посочуваат дека кај нив доаѓаат најтешките случаи од сите градови во државата и оти, не секогаш лекарите и медицинските сестри можат да спречат смртен исход

Од Клиниката информираат дека девојчето кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на Одделот за неврологија, но минатата недела состојба му се влошила и го префрлиле на одделот за интензивна нега.

Таму на девојчето му била направена и интубација, но, како што велат од Клиниката, и покрај сите напори на медицинскиот кадар, не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит и пред два починало.

Ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести во изминатиот месец.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер