Утрински Весник
Свет

Во Шпанија во тек потрага по 89 исчезнати лица во поплавите

Poplavi Spanija.jpg

Најмалку 89 лица се уште се водат како исчезнати по смртоносните поплави што го погодија југоисточниот дел на Шпанија.

Како што соопштија од регионалната судска власт во Валенсија, во бројката се вклучени само оние чие исчезнување го пријавиле членовите на семејството. Семејствата дадоа лични податоци и биолошки примероци за да се овозможи идентификација на исчезнатите.

-Се уште има исчезнати лица кои треба да се најдат, изјави премиерот Педро Санчез на прес-конференција во Мадрид.

Пред седум дена по обилните дождови се излеаја реки, а поројот однесе најмалку 217 животи. Форензичарите досега идентификувале 133 лица.

-Уништени се домови и деловни објекти, затрупани под кал, а се уште има многу луѓе без потребната храна. Мора да продолжиме да работиме, изјави Санчез.=

Тој додаде дека Владата ќе одвои 10,6 милијарди евра за помош на настраданите.

Метеоролошката служба АЕМЕТ вчера објави дека „во наредните денови ќе се зголеми нестабилноста во медитеранската област и на Пиринеите“.

-Очекуваме обилни врнежи на Балеарските Острови, Каталонија и провинцијата Валенсија. Но, нема да има ни приближно толку дожд како што беше минатата недела, објави АЕМЕТ преку социјалната мрежа „Х“.

Можете да прочитате

Абас му честиташе на Трамп, изразувајќи уверување дека ќе ги поддржи палестинските аспирации за државност

Меланија Трамп покрај сопругот, во елегантна комбинација креирана лично од Диор

Кремљ: Путин не планира да му честита на Трамп, САД е непријателска земја