Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ја преиспитаат одлуката за назначување на новите членови во УО на Академијата за судии и јавни обвинители

Img 6600.jpeg

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството вели на прес конференција пратеникот Петрушевски.

Наместо да назначат за членови на УО на Академијата судии и јавни обвинители, тие назначија свои членови.

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот, а притоа назначија и луѓе блиски до СДС.

Како од стотици судии Советот на јавни обвинители и Судскиот совет за членови на УО на Академијата избраа свои членови, кои патем се и сестра на пратеничка од СДС, мајка на советничка од СДС и братучетка на полициски началник од времето на СДС?

Ги повикуваме и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, зошто во спротивно ќе бидат директно одговорни за нарушување на кредибилитетот на правосудните органи.

Овие незаконски и партиски назначувања се доказ зошто се потребни реформи во правосудството.

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок, вели премиерот