Утрински Весник
Македонија

Конференција 75 години НАТО – 24info.mk

Nato.jpeg

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и поддршка на нашата сестринска фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс организира конференција на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“.

Настанот, како што соопшти Фондацијата, ќе се одржи во големиот амфитеатар на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Предвидено е конференцијата да ја отвори министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а учество со свои излагања во рамки на конференцијата ќе имаат министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и амбасадорките на САД и Германија, Анџела Агелер и Петра Дрекслер.

Иницијативата, како што се најавува, ќе собере на едно место високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот, кои заеднички ќе дискутираат за актуелните безбедносни предизвици кои ја засегаат Европа и регионот, како и за неопходноста од поинтензивна соработка во услови на сè понеизвесни безбедносни и геополитички околности.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство