Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Владата нема решение – СДСМ ќе предложи вистински мерки за намалување на цените на производите

Supermarket .webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на Христијан Мицкоски се покажа неспособна да го реши постојаното зголемување на цените на производите и целосно ги разочара граѓаните, соопштуваат од СДСМ.

„Мерката за замрзнување на маржите требаше да биде спасот од високите цени но се покажа како големо промашување. Цените во маркетите не се намалија, во најголем дел цените останаа исти. За симболични 57 денари се намали потрошувачката кошничка за граѓаните за еден месец, ете толку „заштедија“ граѓаните за еден месец. Поскапувањето на цените се голем товар семејствата и родителите секој ден. Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари. Тоа е резултатот на погрешните економски политики на Мицкоски и ДПМНЕ. Граѓаните заслужуваат стабилност и поддршка во овие тешки времиња и затоа СДСМ ќе поднесе законско решение за вистинско намалување на цените. Ова ќе биде вистинска и реална мерка за намалување на цените. СДСМ е тука за граѓаните и ќе продолжиме да се бориме за подобрување на стандардот“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Можете да прочитате

Обемна полициска акција против економски криминал, кривични пријави за 33 лица, 11 од нив уапсени

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните