Утрински Весник
Свет

Орбан: Европа ќе мора да ја преиспита својата поддршка за Украина ако Трамп победи на изборите

Tramporban.jpg

„Европа не може сама да го носи товарот на војната и ако Американците се придвижат кон мир, тогаш треба и ние да се приспособиме“, изјави унгарскиот премиер

Европа ќе мора да ја преиспита својата поддршка за Украина доколку Доналд Трамп биде избран за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан нагласувајќи дека европскиот континент нема да може сам да го поднесе товарот на војната.

Експретседателот на САД и актуелен републикански претседателски кандидат Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан

Орбан, кој на претседателските избори во САД го поддржува републиканскиот кандидат Доналд Трамп, се противи на воената помош за Украина и смета поранешниот американски претседател ги споделува неговите ставови во врска со ова прашање и оти би преговарал за мирно решение за Украина.

„Ние во Европа мора да разбереме дека ако во Америка има претседател кој е за мир, ако се случи така како што очекуваме, тогаш Европа не може да остане провоена“ изјави денеска премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Орбан најави дека Украина ќе биде високо на агендата на состанокот на европските лидери во Будимпешта следната недела, на состанокот на Европската политичка заедница и неформалната средба на лидерите на ЕУ.

„Европа не може сама да го носи товарот на војната и ако Американците се придвижат кон мир, тогаш треба и ние да се приспособиме. Ќе разговараме за ова во Будимпешта“рече Орбан.

Европа го чека исходот од изборите во САД за да види како тоа ќе се одрази на војната во Украина.

Претседателските избори во Соединетите Држави, на кои ќе се соочат експретседателот Доналд Трамп и актуелната потпретседателка на САД, Камала Харис, ќе се одржат на 5 ноември

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков