Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е пример за политичка комедија со ликови кои крадат во секоја прилика

Vmro Dpmne 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС е пример за политичка комедија. СДС луташе кога требаше да се работи Коридор 8 барајќи само начини како да стават пари во џеб, ВМРО-ДПМНЕ гледа како да реализира проекти, а не да ги краде граѓаните.

За време на СДС, секој ден беше нова епизода од ,,Скандал во Македонија”. Време е СДС  да прифати дека нивната ера заврши.

ВМРО-ДПМНЕ, не се потпира на наследството од претходната власт, кое беше повеќе за хумористични шоуа – најдобар пример за тоа е Венко Филипче.

СДС треба да престане да ги рециклира истите соопштенија како фиока со истрошени сценарија. Се чини дека освен одговори, им треба и мапа да сфатат дека нивната улога во првите редови на политичката сцена е завршена.

СДС ги погазија ветувањата, а време е да ги погазат и сценаријата.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на последната седница за пратенички прашања, даде одговор на сите дилеми.

За СДС пратенички прашања се и непозната појава. Нивните одлуки во минатото поминуваа без транспарентност, отчетност, и вон фокусот на јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата која граѓаните му ја дадоа на 8 мај, а реформите веќе

СДС треба да се навикне на новата реалност, во политичката игра, местото за подучување е резервирано за победници.

Можете да прочитате

Успешно заврши ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: Центар на иновациите и одржливите решенија

Неисправна е водата за пиење во виничките села Трстија и Трсино

ЗНМ: Грубо се прекршени правата на новинарката Симоновска: Повик за итна истрага кој ја снимал неовластено