Утрински Весник
Македонија

Се продолжува рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година 

Ministerstvo Za Kultura 1.jpg

Министерството за култура и туризам информира дека поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2025 година се продолжува до 5 ноември (вторник), до 16:00 часот. 

Исто така, потенцираме сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и во соодветните дејности, во смисла на избегнување на можноста за евентуално неподдржување на одреден проект или активност поради несоодветно пополнета апликација.

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.

Можете да прочитате

Мицкоски до Спасовски: Божиновска е поголема Македонка од сите вас

Левица: Гаши по стапките на Џафери, се попречува правото на пратенички прашања на Левица

Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Тунис, Имен Лажили Амари