Утрински Весник
Македонија

Влатко Стојкоски назначен за нов директор на Државен пазарен инспекторат

Img 6447.jpeg
Dik 300x250 mk

Влатко Стојкоски е новиот директор на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), потврдија од Владата за МИА. Тој го заменува досегашниот директор, Горан Трајковски, кој е разрешен како дел од промените на кадрите од страна на новата власт.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, при осврнувањето на ефектите од есенската потрошувачка кошничка, информира дека Стојкоски е назначен вчера. Ристески истакна дека мерките за контрола на пазарот се одлично дефинирани и ДПИ ги казнуваше трговците кои се обидоа да ги заобиколат правилата. Тој изрази надеж дека под новото раководство, ДПИ ќе има уште поголема контрола врз цените на прехранбените производи, со цел заштита на стандардот на граѓаните.

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево