Утрински Весник
Свет

Инфлуенсерки се удавија во Бразил откако одбиле елеци за спасување затоа што ќе им ги „уништат селфињата“

Z2dhin2y.jpg

Две инфлуенсерки се удавија откако се забавуваа на јахта во Бразил, затоа што одбиле да носат елеци за спасување затоа што мислеле дека ќе им се уништат нивните селфи фотографии, пред нивниот брод да биде потопен од огромен бран.

Алин Тамара Мореира де Аморим (37) и Беатриз Таварес да Силва Фариа (27) беа пронајдени мртви откако нивниот пренатрупан брод се превртел покрај брегот на делот познат како Ѓаволско грло додека се враќале од забава, објави Њујорк Пост.

Полицискиот комесар во Сао Винсенте, Маркос Алехандра Алфино, вели дека инфлуенсерите одбиле да носат елеци за спасување: „Не сакале да ги носат затоа што правеле селфи. Тие рекле и дека им пречат кога се сончаат“.

Можете да прочитате

УНРВА: Во северниот дел на Појасот Газа нема вода, храна и лекови

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел