Утрински Весник
Македонија

Пожарот во „Манастир“ во Берово пеплоса 200 квадрати – летната тераса е целосно уништена

99 2.jpg

Скарата на ќумур, најверојатно, го предизвикала пожарот што синоќа го зафати хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово.

Kомандирот на противпожарната бригада, Сашо Руменовски, вели дека пожарот зафатил околу 200 квадратни метри вклучувајќи ги летната тераса и објектот до хотелот, а пожарникарите спречија огнот да ги зафати и собите.

Руменовски за „Макфакс“ информира дека штетата дополнително ќе се утврдува и ќе биде соопштена од одговорните служби.

„Дирекцијата за заштита и спасување има инспектори за пожарство и тие треба да направат увид“, вели Руменовски и додава дека моментно нема екипи на терен откако и утрово пожарникарите дежураа пред објектот.

На терен интервенираа 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително беше побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволното друштво – Пехчево.

Можете да прочитате

Фејсбук страницата на компанијата Јулија, која се занимава со превод и консултации, од утрово ja нема на социјалната мрежа

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс во Будва

Лашкоска: Завршен системот за водоснабдување на Делчево,обезбедуваме питка вода за секој поединец