Утрински Весник
Македонија

Давкова експресно ја прифати оставката на Комисијата за помилување

Gordana Siljanovska Davkova 702x336 1.png

Откако членовите на Комисијата за помилување ја информираа претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека поднесуваат колективна оставка од позициите во комисијата, таа веднаш ја прифати нивната оставка.

„Одлуката за поднесување на колективна оставка од Комисијата за помилување членовите ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи.

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката поднесена од проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.

Во следниот период претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе изврши консултации за новиот состав на комисијата, како и за институционалните и законски слабости кои постојат во системот за помилување на осудени лица“ се наведуваво соопштението од кабинетот на Давкова.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нашиот став и аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение

Ужас во Скопје, 17 годишно момче силувал 15 годишно девојче

Нова фаза во судењето за „Пулс“: Одбраната предложи 244 сведоци