Утрински Весник
Македонија

Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети, Мицкоски најавува екипирање на одборите за акредитација и евалуација

Ukim.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека не е задоволен од состојбата во која се наоѓа образованието, особено високото образование и дека се преземаат чекори во насока на стабилизирање на состојбите. Најави зголемување на буџетот за образование на 40 милијарди денари и екипирање на одборите за акредитација и евалуација.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Аеродром, премиерот рече дека се извршени вонредни инспекциски наоди на неколку универзитети и дека веќе има наоди и јасна слика што се случува.

На почетокот на мандатот веднаш беше поништена една сомнителна одлука за формирање на еден отсек на еден универзитет, кој е поврзан со многу сомнежи во минатото. Како Влада тоа го пресековме и ги поништивме акредитациите за два приватни института. Направени се вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот просветен инспекторат на неколку универзитети, Климент Охридски, Апостол Павле, Државниот универзитет во Тетово, Меѓународниот универзитет во Струга. Веќе имаме наоди и јасна слика што се случува. Исто така морам да потенцирам дека буџетот во образованието ќе биде зголемен од 30 на 40 милијарди денари. Постигнат е историски договор со Синдикатот за зголемување на платите во периодот од четири години, нешто што досега беше фантазија. Исто така полека, но сигурно, ќе почнеме да ги екипираме одборите за акредитација и еваулација да бидат она што навистина треба да бидат – рече Мицкоски.

Можете да прочитате

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот

Шок во Скопје: 14-годишно девојче во поодмината бременост, случајот пријавен во полиција

„Наместо разбирање – медиумски линч“: Синот на Жарко Грозданоски со порака до јавноста