Утрински Весник
Свет

Белата куќа го предупреди Иран за последици доколку одговори на новите израелски напади

20241026101817 Big 730x400 45.webp.webp

Белата куќа соопшти дека вечерашните израелски напади врз Иран треба да ги прекинат директните напади меѓу двете земји, истовремено предупредувајќи го Техеран за последиците доколку одговори.

Висок функционер на Белата куќа рече дека администрацијата верува дека израелската операција треба да ја „затвори директната воена размена“ меѓу Израел и Иран, и оти другите сојузници на САД се согласуваат.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан беа информирани за време на нападот, изјавил анонимен функционер.

Тој додал дека израелската операција била „обемна, насочена и прецизна“. Официјалниот претставник нагласи дека САД не биле вклучени во нападот.

Израел во текот на ноќта нападна воени цели во Иран како одговор на ракетните напади на Техеран претходно овој месец.

Иран соопшти дека неговиот систем за противвоздушна одбрана „успешно се спротивставил на израелските напади врз воени цели во провинциите Техеран, Кузестан и Илам со ограничена штета на некои локации.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд