Утрински Весник
Македонија

Муртезани: Планот за уставни измени со одложено дејство не е отфрлен

Murtezani.jpg

Министерот за европски прашања – Орхан Муртезани во гостување во тв Сител изјави дека планот за уставни измени со одложено дејство не е отфрлен.

„Сметам дека планот за уставните измени со одложено дејство не е отфрлен“, рече Муртезани.

На прашање дали шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не сакала денеска директно да каже дека тој предлог е неприфатлив, Муртезани рече дека е субјективен впечаток.

Европската унија ја потврдува својата поддршка за Македонија на патот кон ЕУ. Урсула фон дер Лајен испрати порака дека пречките ќе се надминат, додека премиерот Христијан Мицкоски ја потврди посветеноста на Владата кон интегративниот процес, рече тој.

Можете да прочитате

Николоски: Сите патишта се проодни

Полицијата да се распореди на терен, а не само СМС-казни вели Ина Многуфина

Уапсени двајца рибокрадци од Пештани со над 100 килограми белвица уловена во време на забрана