Утрински Весник
Балкан

Новиот известител на ЕП за Црна Гора е словенечкиот европратеник Марјан Шарец

00000001 643 660x487 1.webp.webp

Европратеникот Марјан Шарец од партијата на европските либерали е избран за нов известител на Европскиот парламент за Црна Гора, потврди денес политичката група „Обнова на Европа“, пренесе црногорската национална телевизија РТЦГ.

Како постојан известувач, Шарец ќе го следи напредокот на Црна Гора во процесот на пристапување кон Европската Унија и подготовката на годишниот извештај за ова прашање.

Шарец изјави дека ја избрал Црна Гора затоа што смета дека е „на добар, но сè уште долг пат, кој може да биде успешно поминат со искрени намери и сериозен пристап“.

Тој додаде дека ќе соработува со сите клучни фигури во овој процес. – Одлучив да се кандидирам врз основа на претходното искуство како премиер и министер за одбрана.

Секогаш ја бранев позицијата на Словенија, како и својата, дека процесот беше во застој во минатото, и сега императив е процесот повторно да се придвижи, истакна Шарец.

Тој посочи дека е корисно ако постојаниот известувач доаѓа од земја која не е директен сосед на земјата кандидат, бидејќи според него, тоа е единствениот начин да се следи процесот објективно.

– Истовремено е важно да се познава историјата на земјата кандидат, нејзините досегашни напори, како и сите недостатоци.

Процесот на проширување мора да се заснова и на взаемно почитување на договорите и почитување воопшто.

Како и на познавањето на специфичностите на секоја земја, додаде новиот известувач на ЕП за Црна Гора.

Шарец ќе ја посети Црна Гора следната недела, од 30 октомври до 1 ноември, како дел од Делегацијата на Европскиот парламент за стабилизација и асоцијација.

Марјан Шарец ја наследи позицијата од хрватскиот европратеник Тонино Пицула од групата на Социјалистите и демократите, кој ја извршуваше функцијата во претходниот мандат на ЕП.

Во овој мандат, Пицула е известител за Србија. 

Можете да прочитате

Физички пресметки и тензии во српскиот парламент поради трагедијата во Нови Сад

Свеќи од роденденска торта предизвикаа пожар во кафуле во Атина

Ја удрил „ситроен“, па ја прегази „бмв“: тешко повредена жена во Белград