Утрински Весник
Свет

Страшна сообраќајка во Германија: Загинаа мајка и две деца кога автомобил удрил во нив на тротоар

Germanija Nesrekja.jpg

Трагична сообраќајна несреќа ја потресе Германија. Пешак и нејзините два сина биле удрени од автомобил во Еслинген кај Штутгарт, а сите тројца загинале на местото на несреќата. Истрагата е во тек, а полицијата интензивно трага по сведоци на трагедијата.

39-годишна жена и нејзините два сина на возраст од шест и три години загинаа кога автомобил удрил во нив на тротоарот во Еслинген покрај реката Некар, откако 54-годишниот возач од непозната причина излетал од патот и ги прегазил.

Во моментот на несреќата возачот удрил и во друго возило, чиј возач исто така бил пренесен во болница.

По наредба на државното правобранителство во Штутгарт, ангажиран е вештак за расветлување на околностите и причината за несреќата. „Засега нема индикации за намерно дело“, изјави портпаролот на полицијата.

Локалната заедница ја потресе трагедијата, а очевидци велат дека полицајците плачеле кога ги виделе сцените од оваа трагедија.

На местото на настанот, покрај бројните полицајци, пожарникари и итните служби, имало и неколку стручни лица за итна психосоцијална помош, кои им пружиле поддршка на сведоците и членовите на семејството.

Истрагата треба да даде одговори на прашањето зошто се случила несреќата.

Можете да прочитате

Земјотрес со магнитуда од 7,4 ја погоди Камчатка

Тајлер Робинсонe осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Уапсен е осомничениот за убиството на Кирк, објави Трамп