Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ова ли е правдата и правната држава која ветувавте претседателке Силјановска?  

Sdsm Web Default 1024x576 1.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Денешната изјава на претседателката Силјановска Давкова која е само марионета на Мицкоски, потврдува дека тие двајцата се на браникот на криминалот и нарко босовите во државата. 

Силјановска вели дека имало интересни ликови кои биле помилувани и таа не знаела за кого станува збор. Прво, со ваквата изјава се доведува во прашање и нејзината деловна способност. 

Дали ова значи дека Силјановска утре ќе потпишува и други акти и нема да знае што потпишува? Ова е ризик за државата. 

Второ, ако е ова е само лага на Силјановска, тогаш се потврдува дека таа е само извршител и потписник на одлуките да се ослободат криминалци и нарко босови, а нарачките доаѓаат од друго место. 

Прашањето е кој и нарачал на Силјановска слепо да потпишува помилувања на луѓе кои не смеат да припарат на улица, а камо ли да бидат помилувани? Дали е тоа Мицкоски бидејќи таа него му должи се. Дали е тоа Филков, пуленот на Димитриески кој е само извршител на позицијата министер за правда?

Јавно ја прашуваме Силјановска, дали се срами што помилуваните нарко босови јавно и се заблагодаруваат на социјалните мрежи за помилувањето за кое наводно ништо не знаела? 

Ова што денес им го приредија Мицкоски и Силјановска на граѓаните не е ништо друго туку потценува интелегенцијата и тешка навреда за нив и за сите кои ја поддржаа Силјановска која ветуваше правда и правна држава.  

Ова ли е правдата и правната држава кој не ја извадивте од уста претседателке?

Можете да прочитате

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Умереното консумирање кафе поврзанo со подобро ментално здравје

Средба Сали – Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство