Утрински Весник
Балкан

Властите во Белград планираат да му ги отстапат автобусите Соларис на Скопје

Solaris Bus Beograd.jpg

Според извори од Градското сообраќајно претпријатие и порталот Е-капија, Белград планира да ги отстапи автобусите Соларис на Скопје и другите градови во С. Македонија, што невладината организација (ЦЛС) го оценува како „произволен, неразумен и штетен потег“.

– Во ситуација кога градскиот превоз во Белград е во криза, а граѓаните покажуваат големо незадоволство, откажувањето на сто сигурни и популарни автобуси „Соларис“ поради нечиј личен маркетинг и каприци би бил антибелградски потег, се вели во изјавата на директорот на ЦЛС, Никола Јовановиќ – соопшти агенцијата Бета.

Тој верува дека крајниот мотив за таквиот потег не би бил наводното подмладување на возниот парк, туку „одмазда“ на градоначалникот Александар Шапиќ кон неговите претходници во Белград, и „пред се, создавање простор за дополнителен увоз на турски автобуси на гас, кои се далеку под квалитетот на европските производители и во никој случај не одговараат на потребите на Белград“.

Solaris Urbino 18 е зглобен автобус дизајниран за јавен градски превоз, се изработува во Полска, во близина на Познан, и досега во Србија од 2011 година се извезени над 200 такви автобуси.

Можете да прочитате

Во Белград почнува судењето на членовте на „балканскиот картел“

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода