Во текот на минатата и оваа година, поради погрешна дијагноза на Универзитетската болница во Шведска, на 33 жени хируршки им била отстранета матката, за што главниот лекар на таа болница денеска изразил длабоко жалење, пренесоа шведските медиуми.
Група од 33 жени на возраст од 38 до 85 години добила информација од лекарите дека имаат клеточни промени кои му претходат на ракот на матката, по што тој орган бил отстранет, но се покажало дека дијагнозата е погрешна, објавија шведските медиуми.
Во соопштението за медиумите, главниот лекар на болницата, Јохан Лугнегард изјави дека такво нешто не требало да се случи, но се случило, извинувајќи им се на жените кои биле оперирани.
Шведскиот министер за здравство, Ако Анкарберг Јохансон, во оваа прилика изјави дека тоа е „страшна вест“, додавајќи дека е добро што Универзитетската болница сериозно го сфатила инцидентот и презела чекори такво нешто да не се повтори.
Во текот на минатата година, најмалку два слични инциденти се случија во градовите Скараборг и Блекинге.
Swedish hospital ‘deeply regrets’ giving 33 women unnecessary hysterectomies https://t.co/Hjbz40p6XG
— The Local Sweden (@TheLocalSweden) October 22, 2024