Утрински Весник
Балкан

Видео од апсењето на Илир Мета во Албанија

11111111.jpg

По апсењето на поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, неговата партија остро реагираше, нарекувајќи го настанот „киднапирање, а не апсење“. Генералниот секретар на партијата, Теди Блуши, изјави дека не располагаат со информации за моменталната локација на Мета, додавајќи дека станува збор за „земање заложник“ во сред бел ден.

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, исто така, остро ја осуди акцијата, тврдејќи дека тоа е „политички прогон“. Бериша обвини дека премиерот Еди Рама е замешан во обидот за физичко елиминирање на Метата, истакнувајќи дека нема објавени факти или документи кои би потврдиле обвинувањата.

„Политичкиот прогон на Илир Мета е политички, политички и само политички. Тие не објавија никакви факти, никакви документи, но ги спроведоа наредбите на Еди Рама, кој со сите средства се обиде да го елиминира Илир Мета политички, а можеби и физички“, рече Бериша.

Тој понатаму нагласи дека е свесен за постоењето на досие кое се занимава со „елимијацијата на политичар близок на Еди Рама“, што дополнително ја зголеми напнатоста помеѓу власта и опозицијата во земјата. Ситуацијата остава многу отворени прашања за иднината на албанската политика и односите меѓу различните политички фракции.

Можете да прочитате

Физички пресметки и тензии во српскиот парламент поради трагедијата во Нови Сад

Свеќи од роденденска торта предизвикаа пожар во кафуле во Атина

Ја удрил „ситроен“, па ја прегази „бмв“: тешко повредена жена во Белград