Утрински Весник
Економија

Филипче ја повика власта да го поддржи Законот за зголемување на минималната плата поднесен од СДСМ

Vfpresssobr 3.jpg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави дека СДСМ ќе поднесе законски измени за зголемување на минималнат плата на 27.700 денари и ги повика пратениците од мнозинството да го поддржат.

-Денес, во услови на голема економска несигурност, како одговорна опозиција, предлагаме измени и дополнувања на Законот за минимална плата. Со измените, предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3%. Со ова, не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата, рече Филипче на прес конференција во македонското Собрание.

Ја повикувам Владата и сите пратеници дека ова не е време за застапување на партиски интереси туку за заштита на интересите на граѓаните, додаде тој.

Мандатот на пратениците им го дале граѓаните и тие одговараат само пред нив, не пред партискиот лидер, рече Филипче додавајќи дека “сите пратеници и од владејачкото мнозинство и од опозицијата треба да дадат поддршка на оваа иницијатива“.

-Да се издигнат над политичките разлики и да гласаат за подобар животен стандард на работниците. Ова решение е во интерес на сите граѓани, и сите ние носиме одговорност да се погрижиме за економскиот просперитет на нашата држава, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Собранието.

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025