Утрински Весник
Свет

НАТО ги предупреди Москва и Пјонгјанг за „значајна ескалација“ во Украина

20241021105800 Big 730x400 63.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги предупреди Пјонгјанг и Москва за испраќање севернокорејски војници да се борат во војната во Украина.

– Распоредување војници на Северна Кореја за борба со Русија во Украинја „би значела значајна ескалација, напиша Руте на Х по разговорите со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол.

Тој информира дека со јужнокорејскиот претседател разговарале за „блиското партнерство на НАТО со Сеул, одбранбената индустриска соработка и меѓусебно поврзаната безбедност на Евро-атлантикот и Индо-пацификот“.

Јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС) минатата недела ја обвини севернокорејската армија дека веќе испратила околу 1,500 војници во Русија на обука пред нивното очекувано распоредување во Украина.

Агенцијата соопшти дека Северна Кореја одлучила да испрати вкупно околу 12,000 војници за да обезбеди поддршка за Русија, вклучително и специјални единици.

Можете да прочитате

Северна Кореја тестираше ракета со долг дострел земја – воздух

Папата Лав XIV присуствуваше на божиќната миса во базиликата „Свети Петар“

Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција