Утрински Весник
Спорт

Алкалоид со убедлива победа го почна Европскиот шаховски клупски куп

20241021082230 Big 730x400 38.webp.webp

Тимот на Алкалоид успешно стартуваше на Европскиот шаховски клупски куп, кој се игра во Врњачка Бања, Србија. Совладана е Васа од Шведска со 5,5:0,5.

Победи за македонскиот шампион остварија: Еригаиси Ајрун, Филип Панчевски, Веи Ји, Нарануан С.Л и Ју Јангји, додека Велимир Ивиќ ремизираше.

На овогодинешното издание на највисокото клупско натпреварување во светот, учествуваат рекорден број – 84 екипи во машка конкуренција, а ШК Алкалоид на стартната листа, според просечен рејтинг на играчите 2730, е второрангирана екипа. 

Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата од Словачка Черо Инвест Нитра. 

Можете да прочитате

Голема тепачка меѓу навивачите на Вележ и Зрињски

Сабаленка се врати на врвот на ВТА ранг-листата

ПМФЛ: Силекс ја „растури“ Струга, Вардар поразен од Беса