Утрински Весник
Спорт

Потврдена казната на Барселона – 24info.mk

Barcelona.jpg

Судот за спортска арбитража (CAS) ја потврди одлуката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) која ја казни Барселона со 500 илјади евра за финансиски прекршоци во сезоната 2022/23, соопшти прес-службата на судот.

Судот заклучи дека каталонскиот клуб прекршил две точки од правилата за финансиски фер плеј, па казната била оправдана.

Барселона беше подложена на парични санкции поради неточно известување. Комората за финансиска ревизија на УЕФА соопшти дека клубот неправилно пријавил профит од продажба на нематеријални средства во својот извештај за 2022 година, што според правилата не е квалификуван приход.

Барселона поднесе жалба да се укине казната, но истата беше одбиена.




Можете да прочитате

Од почетокот на сезоната блеска во Србија и порачува: Сакам да заиграм за Македонија!

Нашиот однос беше како момче и девојка, постојано се каравме и се миревме – 24info.mk

Енди Мареј освои турнир во голф – 24info.mk