Утрински Весник
Скопје

Јакимовски се извини на министерката Јаневска и повика на дијалог за решавање на долговите за греење на училиштата во Карпош

462538091 814862883918975 1867008222060945203 N.jpg

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно и се извини на министерката за образование, Весна Јаневска, за тоа што вчера ја нарече „северџанка“ во јавен коментар. Во неговото извинување, Јакимовски истакна дека го цени нејзиниот труд и дека овој коментар не бил заслужен, но и нагласи дека потребен е итен дијалог за решавање на долгогодишниот проблем со долговите за греење на училиштата во Карпош.

„Имам високо мислење за госпоѓата Јаневска. Јавно и се извинувам за тоа што ја нареков „северџанка“. Мислам дека не го заслужува тоа, но ние мораме да разговараме за финансиските предизвици со кои се соочува општината,“ изјави Јакимовски. Тој објасни дека долгот изнесува околу 16 милиони денари, сума што сериозно го оптоварува општинскиот буџет. Според него, во изминатите години Карпош плаќал милиони денари за греење, но овие обврски станале преголем товар за локалната самоуправа.

„Минатата година плативме 6 милиони денари, годинава имаме 8,3 милиони денари за греење. Тоа се големи пари за локалната самоуправа. Од друга страна, имаме општини кои имаат на располагање многу повеќе средства. Жал ми е што мораме да се препукуваме во јавноста, но треба да се расчистат овие прашања за наредниот буџет,“ додаде тој.

Јакимовски ја повика Јаневска на средба за да најдат заедничко решение за проблемот, изразувајќи подготвеност за конструктивен дијалог за обезбедување на подобри услови за функционирање на училиштата.

Можете да прочитате

Град Скопје: Се потврди секташкото однесување на Мицкоски

Герасимовски: Започнавме со реализирање на проектот за хортикултурно и партерно уредување во Капиштец

Град Скопје улови нелегално исфрлање и палење отпад во општина Бутел