Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Започнавме со реализирање на проектот за хортикултурно и партерно уредување во Капиштец

Whatsapp Image 2024 10 17 At 09.34.02 7b17533e.jpg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во работните активности за хортикултурно и партерно уредување во населбата Капиштец, на потегот од Беверли Хилс до трговскиот центар Зебра. 

Во тек е расчистување на теренот со механизација, а земјиштето се израмнува, што ќе овозможи понатамошно уредување на просторот.

„Наша цел е да создадеме зелени и уредени места за одмор и рекреација на граѓаните. Верувам дека овој простор ќе стане омилено место за жителите на Центар, “ порача Герасимовски.

Проектот вклучува комплетно озеленување на површина од 7.840 м², како и реконструкција и нивелирање на пешачките патеки. Планирано е поставување нова урбана опрема, како што се канти за отпадоци, клупи, држачи за велосипеди, нови детски реквизити, систем за наводнување и модерно ЛЕД осветлување, кое ќе ја подобри видливоста и безбедноста во вечерните часови.

Овој проект е финансиски поддржан од претходната Влада со сума од 24.780.000 денари, а се реализира на барање на жителите на Општина Центар, кои овој предлог го доставија на ланскиот буџетски форум.

Можете да прочитате

(Видео) ЈП Лајка со благородна акција „Биди мој Валентајн“ – дружете се со куче од стационарот на еден ден

Објавен јавен повик за субвенции за чистење на оџаци во Општина Гази Баба

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради посета Курти