Утрински Весник
Македонија

Командата за операции ќе го одбележи Денот на единицата

20241016162906 Big 730x400 60.webp.webp

Припадниците на Командата за операции (КО) денеска, со воена свеченост во касарната „Боро Менков“- Куманово, ќе го одбележат Денот на единицата.

Во рамки на воената свеченост, пред присутните ќе се обратат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини.

Според Министерството за одбрана, за ден на Командата за операции е одреден 17 октомври, како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на Кресненското востание, што е воедно и ден кога е кренато востанието.

Можете да прочитате

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

67 годишна жена тешко повредена откако паднала во автобус на ЈСП

Тиквеш“ со нови меѓународни награди: Најдобар производител и најдобри вина во Германија и голем златен медал и специјална награда во Франција