Утрински Весник
Македонија

СДСМ се спротивставува на етнизирање на науката: „Ова е политичка порака која поттикнува поделби“

Sdsm 1.jpeg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во својот пост на Фејсбук, ја критикува иницијативата за формирање нова Академија за науки и уметности како етнички чиста институција. Тој истакна дека ова претставува сериозна опасност за интегритетот на научните институции во земјата и ја потенцира опасноста од етнизирање на науката.

„Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање на паралелна нова Академија за науки и уметности. Преседан е создавање на ‘етнички чисти’ институции,“ напиша Филипче, додавајќи дека ваквиот проект беше отфрлен и од актуелните академици.
Филипче исто така истакна дека ваквата идеја има тенденциозен политички карактер и дека служи единствено за поттикнување на поделби. „За СДСМ и за мене како претседател, ова е тенденциозна политичка порака, која им служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството,“ порача Филипче.

Тој изрази жалење што ВМРО-ДПМНЕ молчи за ова прашање, што според него значи одобрување на иницијативата. „Жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со тоа и ја одобрува,“ додаде претседателот на СДСМ.

СДСМ ќе се бори против ваквите проекти со сите расположливи механизми, посебно во општините кои треба да го финансираат проектот. „СДСМ со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои треба да го финансираат овој проект,“ заклучи Филипче.

Можете да прочитате

Јакимовски: Владата обезбедува пари за албански академии, додека децата во Карпош немаат за греење во училиштата

Бислимоски за дневната евтина струја: Нема услови да се воведе дополнителен час до крајот на годината

Летово сме плаќале и три пати поскапа струја