Утрински Весник
Свет

Путин до Државната Дума достави предлог за ратификација на сеопфатниот договор со Северна Кореја

1707381351 unnamed file.webp.webp

Рускиот претседател Владимир Путин поднесе до Државната Дума предлог-закон за ратификација на договорот за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Русија и Северна Кореја.

Соодветниот предлог-закон беше објавен вчера во законодавната база на податоци на Државната дума, јавија руските медиуми.

„Ратификувајте го договорот за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Руската Федерација и Демократска Народна Република Кореја, потпишан во Пјонгјанг на 19 јуни 2024 година“, се наведува во нацрт-законот. Тој документ треба да го замени основниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, кој е во сила од 9 февруари 2000 година. 

Можете да прочитате

Трамп најави нови напади врз Иран доколку преговорите во Пакистан пропаднат

Погодени две руски нафтени платформи во Каспиското Море, тврди Киев

Иранската Црвена полумесечина со биланс за штетите од израелските напади: Погодени стотици болници и училишта