Утрински Весник
Економија

Стокомак привлекува внимание и интерес од српските граѓани

111 1.jpg

Веста за проширувањето на македонскиот хард дисконт Стокомак во Република Србија продолжува да генерира реакции во македонските и српските медиуми. Отворањето на новиот маркет во Куманово, привлекува внимание и интерес од српските граѓани, кои од самото отворање редовно го посетуваат.

Во знак на поддршка за новиот хард дисконт, познатото српско јутуберско дуо „Шта да једем“ — Милан и Томо Божичковиќ — ја посетија продавницата. Тие ја документираа својата посета и беа впечатени од обемната понуда на производи по ниски цени, што Стокомак ги нуди. Со задоволство, тие ја забележаа и големата површина на маркетот, што создава удобна атмосфера за пазарување.

При крајот на нивното пазарење, лицата на Милан и Томо ја отсликуваа нивната изненаденост од конечниот износ на фискалната сметка, кој за четири полни торби изнесуваше само 2500 денари. Оваа поволна понуда дополнително го потврдија со дегустација на производите, за кои изјавија дека се на високо ниво на квалитет и вкус.

Со оглед на интересот што Стокомак го буди во Србија, компанијата планира да продолжи со своето проширување на српскиот пазар, привлекувајќи нови потрошувачи со своите конкурентни цени и квалитетни производи.

За повеќе информации и за да ја видите целата авантура на „Шта да једем“ во Стокомак, погледнете го следното видео.

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен