Утрински Весник
Свет

Северна Кореја разнесе патишта во близина на границата со Јужна Кореја

Vojnici Juznakoreja.jpg

Северна Кореја разнесе делови од пат од својата страна на силно милитаризираната граница меѓу двете Кореи, соопшти началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Околу пладне по локално време, разнесени се делови од патот северно од воената демаркациона линија меѓу двете земји, соопшти Здружениот штаб. Јужнокорејската војска го засили надзорот и подготвеноста да одговори, се додава.

Сеул претходно предупреди дека Пјонгјанг планира да разнесе патишта. Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемија откако Северна Кореја ја обвини Јужна Кореја дека испраќа беспилотни летала над нејзиниот главен град Пјонгјанг.

Северна Кореја во петокот соопшти дека беспилотните летала фрлиле „голем број“ непријателски летоци врз Пјонгјанг, што го гледа како политичка и воена провокација што може да доведе до вооружен конфликт.

Портпаролот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја одби да каже дали јужнокорејската војска или цивили летале со наводните беспилотни летала во понеделникот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во понеделникот се сретна со претставници на одбраната и безбедноста, а темата на разговорот беше одговор на „сериозна непријателска провокација што го наруши суверенитетот на Северна Кореја“, објави севернокорејскиот државен медиум КЦНА.

Можете да прочитате

Во 37 држави почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, досега гласаа пет милиони луѓе

Путин до Државната Дума достави предлог за ратификација на сеопфатниот договор со Северна Кореја

Шефот на германската служба БНД: Директниот воен конфликт со НАТО стана опција за Москва