Утрински Весник
Македонија

За една недела регистрирани 12 нови случаи на ковид во Македонија

Kovid Test.jpg
Dik 300x250 mk

Во период од една недела, во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) евидентирале 12 нови ковид случаи, информираат оттаму. По период на многу слаба активност, во летото 2024 година детектирана е зголемена активност на SARS-CoV-2 во рамките на европскиот континент, вклучително и во Македонија. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест.

Од новите случаи, регистрирани се заболени лица во возрасни групи над 30 години, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 24 лица. Во текот на минатата недела не е пријавено починато лице асоцирано со ковид-19.

Министерството за здравство минатата недела обезбеди нови количини вакцини против ковид-19 од производителот „Фајзер“. Станува збор за 11.520 дози кои во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом.

Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника Бит Пазар. Вакцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.

„Потсетуваме дека вакцинацијата претставува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни заболувања“, рекоа во министерството.

Можете да прочитате

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари

Зохиу: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

Лашкоска: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина