Утрински Весник
Свет

ЕУ воведе санкции кон 14 физички и правни лица за трансфер на ракети од Иран во Русија

European Union.jpeg

Советот на ЕУ денеска воведе нови рестриктивни мерки против седум поединци и седум субјекти поврзани со трансфер на ирански проектили и беспилотни летала во Русија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, денешната одлука следи по укажувањето на Европскиот совет од март годинава дека ЕУ ќе одговори, вклучително и со нови рестриктивни мерки, доколку Иран и достави балистички ракети и соодветна технологија на Русија, што би се користеле за напади врз Украина.

Со денешните санкции се опфатени поединци и субјекти одговорни за развој и пренос на беспилотни летала, проектили и соодветна технологија од Иран во Русија, со што се поддржува нејзината агресија врз Украина, како и на вооружени групи и ентитети кои ги поткопуваат мирот и безбедноста на Блискиот Исток и регионот на Црвеното Море.

Меѓу новосанкционираните се три ирански авиокомпании – „Саха Ерлајнс“, „Махан Ер“ и „Иран Ер“, две фирми за снабдување, како и две компании што произведуваат гориво за лансирање ракети и проектили. Според ЕУ, тие се одговорни за трансфер и снабдување на Русија со беспилотни летала и потребната технологија произведени во Иран.

Покрај ова, рестриктивни мерки се воведени и кон заменик министерот за одбрана на Иран, Сејед Хамзех Галандари, команданти на силите на Корпусот на исламската револуционерна гарда, како и кон директори на иранските авиоиндустриски компании ХЕСА и АИО, што веќе се наоѓаат на листата на санкционирани на ЕУ.

На санкционираните ќе им биде замрзнат имотот во ЕУ, а се забранува директно или индиректно да ми бидат доставувани или ставани на располагање средства или економски ресурси. Дополнително, на санкционираните физики лица им се забранува патување и влез во ЕУ.

Можете да прочитате

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница