Утрински Весник
Свет

По 45 години работа, Германецот добива просечна пензија од 1 500 евра

Germanija.png

Вработените во Германија долго време одвојуваат дел од заработката за задолжителна пензија, а на крајот добиваат малку, јавува ДПА.

За пензија од 1.250 евра, вработен мора да работи и да плати придонес 37 години и седум месеци, соопшти Министерството за социјална заштита.

За пензија еднаква на минималната осигурена сума од 938 евра, работникот треба да плати 28 години и три месеци.

За 1.500 евра месечно, во текот на работниот век морале да платат 119.066 евра, одбивајќи од вкупната бруто-заработка од 1,25 милиони евра.

За 1.250 евра за тие 37 години и седум месеци треба да платат 107.800 од бруто 107.810, а за основната пензија од 938 евра, тоа е 88.497 евра издвоена од бруто-заработката од 921.735.

Левица, најмалата партија во Бундестагот, бара зголемување на сите пензии за 10 отсто.

Можете да прочитате

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност