Македонски граѓани се враќаат од продолжениот празничен викенд кој го поминаа во Грција, па поради тоа има колони возила попладнево и вечерва на граничните премини Еврзони и Богородица.
Според информациите од АМСМ, за влез во земјава на Богородица се чека повеќе од еден час.
Граѓани пак, сведочат дека на грчка страна за влез во Македонија се чека и до три часа.
„Колони има до патарина“, се жалат македонските туристи.
Гужви има и на велешката патарина, а колона возила стои во место и на влезот на Гостивар од „Стража“.
Според последните информации, на Табановце времето за чекање веќе е намалено откако претходно денес и таму беше забележано зголемено движење.